Што се ларви на комарци?
Кај комарците вкупно постојат 4 фази на ларви. Ларвите од комарците се разликуваат од повеќето ларви на останатите активни инсекти по одсуството на нозe и проширена градна регија. Кај повеќето видови на комарци (родовите Culex, Aedes, Culiseta) на крајниот дел од телото постои продолжеток означен како „сифон“ со помош на кој ларвите земаат кислородот од воздухот. Поради „сифонот“ ларвите од овие видови во водата завземаат специфична положба и се поставени вертикално во однос на површината на водата. Од друга страна, кај ларвите од комарци од видот Anopheles сифонот недостасува па тие во водата се поставени паралелно со површината.
Прочитај повеќе ->

Ларвите се хранат со микроорганизми присутни во водата, како што се : бактерии, габи и протозои. Кога се вознемирени ларвите се повлекуваат во длабочината на водата со карактеристични грчевити движења на телото.
Тие земаат храна со филтрирање на вода, па затоа нивниот орален апарат и целиот дигестивен систем им се прилагодени на овој начин на исхрана. Фазата на ларва обично трае од 5 до 14 дена или подолго ако температурните услови се неповолни. Најважните фактори за брзиот развој на ларвата се присуството на вода и температура на водата (7-37 ° C). Тие се развиваат најбрзо кога температурата на водата е од 26-28° С. Пролетните генерации на ларви обично не се многубројни, додека бројот на летните генерации зависи од повеќе фактори. За време на развојниот циклус, ларвите се изведуваат три пати, со што се зголемува нивната телесна големина од 1 mm на 10 mm.
Ларвите на комарците се развиваат во одстоени води со различен степен на чистота. Најчести живеалишта на ларвите на комарците во нашите краеви/региони се:
• Бари;
• Канали (мелиоративни / фекални / одводни)
• Проточни води/ река;
• Пумпи за наводнување/ станици;
• Шахти;
• Вазни, кофи, базени, буриња во кои се чува вода, чамци, гуми, диви депонии итн.
• Вода што се задржува во текот на годината во подруми, технички подови, грејни трафостаници.
Големиот број на комарци во една област може да потекнува од ларви кои се развиле во живеалишта што луѓето несвесно ги создаваат. Таквите живеалишта се означени како микро жаришта, можат да бидат било какви предмети и површини на кои може да се задржува вода, со што се обезбедуваат услови за развој на ларви на комарци. Во одделни домаќинства, микро жариштата се главно септички јами, езерца, фонтани, базени, буриња, кофи, жардиниери и саксии, градини и полиња со вишок на вода за наводнување, неуредени дворови и слично.
СЗО
Според Светската Здравствена организација комарците се најсмртоносните живи суштества кои поради способноста за пренесување на голем број заразни болести меѓу кои маларија, жолта треска, денга, западно-нилска треска и други, предизвикуваат 725.000 срмтни случаи годишно. Во вкупно 91 земја евидентирани се 216 милиони случаи на заболувања од маларија и 445.000 смртни случаи од оваа болест од кои 90% од заболувањата и 91% од смртните случаи се на територијата на Африка. Ако се земат во предвид и другите болести освен маларијата, може да се каже дека 500 милиони луѓе годишно се изложени на проблеми предизвикани од комарците. Болестите предизвикани од комарците, представуваат глобален проблем. Глобалното затоплување и променетите климатски услови придонесуваат за се помасовна распостранетост на комарците кои се лесно приспособливи на нови животни средини и во моментов не може да се сретнат единствено на Антарктикот.

Според Светската Здравствена Организација, Европската, Афричката и Американската асоцијација за борба против маларија голем дел од активностите за борба против компарците се сведуваат на уништување на возрасни форми на комарци при што што се користат средства штетни за останатите живи организми, здравјето на луѓето и животната средина генерално.
Според истите извори во последните години се става акцент на превенцијата, односно се поддржуваат средства и начини за уништување на гнездата на ларви кои се наоѓаат во водените средини преку интервенција со ларвициди со што се спречува процесот на преминување на ларвите во возрасни комарци. Трендот на раст на пазарот на ларвициди е огромен .